Enes Kaplan
05 Јуни 2021•Ажурирај: 05 Јуни 2021
ЗОНГУЛДАК
Претсесдателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека бродот за сондажни истражувања „Фатих" во Црното море откри нови резерви од 135 милијарди кубни метри природен плин, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател Ердоган присуствуваше на свеченото отворање на новоизграденото пристаниште Флијос и во таа пригода ја соопшти добрата вест за пронаоѓањето на новата резерва плин во бушотината Амсара-1 во областа Сакарја.
„Резервите на природниот плин кои досега ги откривме во Црното море изнесуваат вкупно 540 милијарди кубни метри, а нашите тимови го продолжуваат истражувањето", рече Ердоган и додаде дека од истражувачите од Црното море се очекуваат нови добри вести.
Ердоган рече дека Турција планира во три фази да го извлекува природниот плин од Црнто море на копно, а дека првата етапа е изградба на производни капацитети на дното на морето.
„Втора фаза ќе бидат постројките кои тука на копно ќе преработуваат и за употреба ќе го спремаат тој гас. Трета фаза е плиновод со кој ќе бидат споени тие постројки на дното на морето и на копно", рече турскиот претседател.
Турскиот претседател преку видео-линк присуствуваше и на полагањето на камен темелник за изградба на Постројка за преработка на природен плин.
На крајот Ердоган свечено го отвори и новоизграденото пристаниште Фолјос во Зонгулдак.
Станува збор за третото најголемо пристаниште во Турција, а Ердоган рече дека пристаништето ќе стане седиште на поморскиот транспорт во тој регион.
„Ова пристаниште е едно од нашите цели за 2023 и меѓу поважните исчекори на нашиот проект на влегување меѓу десетте најголеми економии во светот", рече Ердоган и додаде дека веќе се назира целта на Турција за остварување на извозот до крајот на годината во вредност од 200 милијарди долари.
Станува збор за пристаниште кое имал намера да го гради и османлискиот султан Абдул Хамид Втори, а изградбата официјално почнала во декември 2016 година.
Годишно пристаништето Флијос може да оперира контејнери со вкупна тежина од 25 милиони тони, а во ист момент во пристаништето може да се оперира на 13 товарни бродови.
Тоа пристаниште нема да биде важно само за Зонгулдак, туку и за поширокиот црноморски регион со оглед на нејзините капацитети и положба.
Турскиот претседател рече дека Турција оваа година ќе лансира и инвестиции за 4.000 мегавати електрична енергија од обновливи извори, од кои половина ја сочинуваат ветроелектрани, а половина соларни електрани.
Турција минатата година во Црно море отрки резерви на природен плин од 405 милијарди кубни метри, што беше најголем пронајдок на плин минатата година во светот. Производството на плинот од Црното море во Турција се очекува во 2023 година.