Ekipa
11 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Самитот што вчера го одржа Европската Унија (ЕУ), не одговори на очекувањата на некои земји, бидејќи нивните барања на биле во ред, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган, по петочната молитва во џамијата „Хазрети Али“ одговараше на новинарските прашања.
На прашањето како го оценува Самитот на лидерите на Европската Унија, претседателот Ердоган рече дека Самитот, всушност, не одговорил на очекувањата на некои земји.
„Бидејќи нивните барања не беа во ред. Нашите позитивни ставови кон случувањата во Источен Медитеран, придонесоа да не се одговори на нивните очекувања“, нагласи Ердоган.
Изразувајќи дека изјавите дадени од Министерството за надворешни работи се многу важни во однос на откривањето на нивните грешки во врска со овој процес, Ердоган додаде:
„Благодарение на земјите членки на Европската Унија кои размислуваат разумно и покажаа позитивни ставови, таа игра не даде резултати. Сега има очекувања дека ќе се направат нови подготовки за Самитот што ќе се одржи во март 2021 година и дека таму ќе се разговара за тоа прашање. Ова треба да го кажам јасно и отворено, не е можно и од тој самит да произлезе нешто. Бидејќи во овој процес Турција е во право. Во моментот има многу права кои земјите членки на Европската Унија треба да ѝ ги дадат на Турција. Од либерализација на визниот режим, па сѐ до ослободување од царини.“
Ердоган, нагласувајќи дека Азербејџанците биле многу трпеливи во овој процес на окупација, рече: „За жал, тројката од Минск не ги исполни очекувањата во врска со окупацијата, и не беше постигнат фер резултат.“
Претседателот Ердоган, рече дека вчера возбудата на браќата и сестрите Азербејџанци навистина била многу поразлична, рече дека и понатаму ќе продолжат да го следат овој процес.