Zehra Nur Düz
17 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман ќе ја посети Туркије на 22 јуни, соопшти денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган, по петочната молитва во Истанбул, за новинарите изјави дека за време на официјалната посета на саудискиот престолонаследник на главниот град Анкара на 22 јуни ќе разговараат за начините за подигање на билатералните односи на многу повисоко ниво.
Ердоган ќе го пречека Селман во претседателскиот комплекс, по што ќе следуваат тет-а-тет средба и на ниво на делегација.
Запрашан за коментар и за актуелните тензии со Грција, Ердоган одговори:
„Што се однесува до Грција, јас ги искажав своите реакции за овој процес. Порачав дека нема повторно да се сретнам сè додека пред мене не биде искрен и чесен политичар. Рековме дека ги завршивме нашите состаноци на Стратешки совет на високо ниво и дека нема да го одржиме тој состанок со Грција предвиден за оваа година. Што значи тоа? Поотворена порака од оваа не може да има. Грција сега сама нека се грижи за себе“, порача Ердоган.