Enes Kaplan
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република на Република Турција по состанокот со претседателот на Република Албанија Бујар Нишани во Анкара рече дека се упатува на тоа дека напаѓачот на Андреј Карлов, амбасадорот на Русија во Анкара, беше припадник на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Врските на напаѓачот првенствено и недвосмилено упатуваат дека бил припадник на терористичката организација ФЕТО и нема потреба тоа да се крие. Се укажува на тоа, почнувајќи од местот каде израснал до неговите контакти", рече Ердоган. Истанка дека со тим стручници од Турција, заедно со рускиот тим, спроведува истрага за убиството на амбасадорот.
„Во наредниот период, како што знаете, наш тим на експерти заедно со рускиот тим спроведува истрага за убиството на амбасадорот Карлов. Се надевам дека нашата заедничка работа во најкраток рок ќе даде одредени резултати. Постојат одредени индиџии за врските кои напаѓачот ги имал во странство. Нашата разузнавачка служба, како и другите единици за истрага ја работат својата работа. Конечниот исход ќе го дознаеме по завршувањето на истрагата", рече Ердоган.
Изјави дека во текот на состанокот со Нишани разговарал и за борбата против ФЕТО која претставува безбедносна закана за двете земји.
„Нашите оправдани очекувања се дека територијата на Албанија може да биде оштетена од елементите кои претставуваат закана за Турција. Имаме плодна соработка со безбедносните структури на Албанија во областа на безбедноста и борбата против тероризмот", рече Ердоган.
Напомена дека со албанскиот претседател имал прилика да разговара за односите на двете земји во областа на безбедноста, економијата, трговијата и културата.
„Верувам дека Албанија ќе даде голем придонес кон Европската нија. Албанија е клучна земја за мирот и стабилноста на Балканот. Во тој контекст, со почитување ја следиме конструктивната политика која Албанија ја спроведува последните години, првенствено во смисла на нормализација на односите со Србија", рече Ердоган.
Нагласи исто така дека потребната трговска размена помеѓу Турција и Албанија, која минатата година изнесуваше околу 300 милиони долари, да се зголеми на милијарда долари. Се осврна и на прашањето на кризата во Сирија, напоменувајќи дека припадниците на Слободната сириска армија во потполност го опколиле ал-Баб, градот во Сирија кој и припаѓа на областа Алепо. Изрази надеж дека ал-Баб наскоро ќе биде ослободен и дека локалното население ќе може да живее слободно.
По состанокот на двајцата лидери и делегациите на двете земји, претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на Anadolu Agency (AA) Шенол Казанџи и директорот на Албанската новинска агенција (АТА) Гезим Подгорица потпишаа договор за соработка помеѓу двете агенции.