Ekip
10 Декември 2015•Ажурирај: 11 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина. Драган Човиќ и членот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ, допатуваа денес попладне во службена дводневна посета на Република Турција, а во Анкара ги прими турскиот претседател Реџеп Таип Ергоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Човиќ и Изетбеговиќ на аеродромот во Анкара ги дочека турскиот министер за економија Мустафа Елташ.
Во чест на доаѓањето на членовите на Претседателството на БиХ на плоштадот пред претседателската палата организирана е церемонија за свечен пречек со највисоки воени почести, каде беа дочекани од турската делегација на чело со претседателот на Република Турција, Ердоган. Пред претседателската палата, претседавачот со Претседателството на БиХ Човиќ, ги поздрави војниците во почесната гарда на турски јазик.
На церемонијата присуствуваа бројни официјални лица и гости, меѓу кои и шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на Претседателството на Турција Фахри Каширга, неговиот заменик Ибрахим Калин и гувернерот на Анкара, Мехмет Килиџлар
По свечената церемонија започна средбата на членовите на Претседателството на БиХ со претседателот на Република Турција, а потоа планирани се службени разговори на делегациите на БиХ и Република Турција во претседателската палата.
По завршувањето на средбата, на медиумите ќе им се обрати турскиот претседател Ердоган и претседавачот на Претседателството на БиХ, Драган Човиќ.
Во вечерните часови претседателот на Република Турција ќе приреди службена вечера во чест на членовите на Претседателството на БиХ.
Според Протоколот планирана е и средба со премиерот Ахмет Давутоглу.