Berk Özkan
06 Јуни 2021•Ажурирај: 07 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека турските безбедносни сили го неутрализираа Селман Бозкир, еден од водачите на терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган таа информација ја објави на социјалната мрежа Твитер.
„Сакам на народот да му соопштам убава вест. Истакнатиот водач на терористичката организација ПКК и главниот терорист Махмуру Селман Бозкир, со кодното име Доктор Хусеин, неутрализиран е вчера од страна на нашите херои на Националната разузнавачка служба", наведе Ердоган.
Турскиот претседател Ердоган им се заблагодари на сите учесници на таа услешна антитерористичка операција.
„Ќе продолжиме да ги исушуваме корените на тероризмот и нема да дозволиме предавничката и сепаратистичка терористичка организација да го користи Махмур како инкубатор на тероризмот", порача Ердоган.