Ali Murat Alhas
01 Септември 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција нема да толерира незаконски активности во регионот на Егејот и Медитеранот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турција нема да дозволи пиратство или разбојништво во регионот на Медитеранот или Егејот“, рече Ердоган во црноморската област Гиресун по повод почетокот на риболовната сезона.
Тој додаде: „Како турска нација, ние не ги кршиме правата на другите, ниту ќе дозволиме другите да го прават тоа [...] Ние сме решени целосно да ги браниме поморските права на нашата нација и кипарските Турци“.
Ердоган рече дека Турција нема да биде ограничена на своите брегови, бидејќи е земја со најдолго крајбрежје во регионот.
Тој рече дека откривањето на 320 милијарди кубни метри природен гас во регионот на Црното Море - најголемото откритие во турската историја - го открило вистинскиот потенцијал на Турција, која е опкружена со богати енергетски ресурси, додавајќи дека ова откритие најавува уште поголемо откритие.
„Нашиот брод „Оруч Реис“ посветено ги извршува своите активности на истражувања. Ако даде Бог, се надеваме дека ќе имаме добри вести од Средоземното Море што е можно поскоро, како што беше случај и со Црното Море“, рече тој.
Тој зборуваше против ситуацијата со неодамнешните спорови со Грција во врска со поморските граници, особено во врска со истражувањето на енергетските ресурси во Источниот Медитеран.
Грција се обиде нелегално да ја ограничи поморската територија на Турција, а Турција ги повикува страните да седнат на дијалог за да се постигне победничко решение засновано на фер распределба.
Грција неодамна спроведе воени вежби наменети за заплашување на Турција да го запре истражувањето на енергетски ресурси.