Ilgın Karlıdağ
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на денешната конференција на челниците за одбранa на Балканските земји во Истанбул Ердоган изјави дека ниедна земја во светот не се бори против терористичката организација ДАЕШ, како Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на конференцијата Ердоган рече: „Додека земјите (кои се дел од коалицијата против ДАЕШ) не презедоа никакви чекори, не спроведоа никaква размена на разузнавачки информации (во борбата против ДАЕШ), од Турција беше очекувано да стори сè”.
Ердоган за неоснованите обвинувања во врска со ДАЕШ истакна:
„Турција се соочи со многу нефер, немилосрдни и неосновани обвинувања", изјави Ердоган. Прикажувањето на Турција како земја која ѝ помага на ДАЕШ, извинете доколку ова звучи грубо, е подмолно".
Изјавата на Ердоган доаѓа четири дена по соопштението на Турските вооружени сили дека 48 членови на ДАЕШ се убиени во воздушните напади во Сирија од страна на меѓународната коалиција во саботата утрото.
Турција се наоѓа под неселективни ракетни напади од страна на Сирија уште од средината на месец јануари. Само во покраината Килис убиени се 20 лица а речиси 70 се повредени од ракетите кои паѓаат на територијата на Турција.
„Ниедна земја на светот не се бори против ДАЕШ на начин на кој се бори Турција", изјави тој. Ниедна земја во борбата против ДАЕШ нема претрпено толку многу загуби како што претрпе Турција.”
- Турција „никогаш не сметаше" на парите од ЕУ -
„Уште на почетокот на сириската криза ние прифативме 3 милиони бегалци од Сирија и Ирак и потрошивме 10 милијарди долари за задоволување на нивните потреби, а притоа Турција ниту еднаш не побара пари од меѓународната заедница”, рече Ердоган и додаде,
„Дали Европа ќе ни даде пари? Дали светот ќе ни помогне? Или, дали ќе добиеме пари од страна на Советот за бегалци на ОН? Ние никогаш не размислувавме за тоа".
Истакнувајќи ги последиците и влијанието на сириската криза претседателот Ердоган потенцираше дека тие не се веќе само проблем на регионот.
„Последиците и влијанието на сириската криза не се повеќе само локален или регионален проблем, туку се претворија во глобална закана", рече тој и додаде дека „во овој момент, Турција и Балканските земји се под голем притисок и сето ова ги чини многу".