Onur Usta
11 Мај 2016•Ажурирај: 12 Мај 2016
СТРАЗБУР (АА) - Министерот за Европска Унија и главниот преговарач на Турција, Волкан Бозкир, во рамките на средбите во Стразбур се сретна со генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Бозкир заедно со својата делегација, во рамките на официјалната посета на Стразбур, се сретна со членката на Европскиот парламент Ана Марија-Кораца Билт, претседателот на групата на Европската народна партија, Манфред Вебер и одговорниот член на Европската комисија за миграции и хуманитарна помош, Димитри Аврампулос.
Според добиените информации од Министерството за ЕУ, се разговарало за безвизниот режим кон Турција, односите меѓу Турција и ЕУ и за бегалската криза.
Бозкир при посетата на Стразбур ќе се сретне и со претседателот на групата на Европските конзервативци и реформисти, со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц а средба ќе одржи и со претседателот на групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Џани Питела.