Servet Günerigök
03 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
КИЛИС (АА) - Милиони Сиријци што живеат во Турција ќе имаат можност да станат државјани на земјата која им даде засолниште, истакна вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи во јужната турска провинција Килис, која се граничи со Сирија, и која вдоми над 120.000 сириски бегалци, Ердоган рече дека голем број на Сиријци кои се во Турција сакаат да станат државјани на Република Турција.
„Нашето Министерство за внатрешни работи презема чекори во врска со ова прашање. Ние ќе им дадеме шанса за државјанство помагајќи им на овие браќа и сестри, со следење преку канцелариите поставени од страна на министерството”, порача Ердоган.
Околу 2,7 милиони Сиријци кои избегаа од граѓанската војна во својата земја најдоа засолниште во Турција.
Сирија се наоѓа во еден магичен круг на граѓанска војна од 2011 година, кога режимот на Башар ал-Асад ги задуши продемократските протести со неочекувана жестокост.
Според податоците на Обединетите нации оттогаш загинале над 250.000 луѓе, а над десет милиони се раселени.