Jeyhun Aliyev
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес упати честитки по повод еврејскиот празник Ханука, нагласувајќи дека турската географија илјадници години била дом на различни истакнати култури, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Свесни за историската одговорност што ја носи ова богатство, гледаме дека е една од нашите најважни должности да се спротивставиме на дискриминацијата врз основа на јазик, религија или раса и да обезбедиме сите наши граѓани да живеат заедно слободно и безбедно“, се вели во соопштението на Ердоган.
Тој истакна дека во време кога нетолеранцијата кон различни верувања и идентитети во светот расте, Турција е против секаков вид дискриминација и ги презема сите потребни чекори за соодветно да ја исполни оваа одговорност што историјата ѝ ја наметна на нацијата.
„Со овие мисли, им го честитам на сите Евреи, особено на нашите еврејски граѓани, празникот Ханука, и се надевам дека овој специјален ден ќе донесе мир“, додаде тој.
Ханука е осумдневен празник со кој се одбележува повторното осветување на вториот еврејски храм во Ерусалим во вториот век пр. н. е.
Исто така познат како Празник на светлината, Ханука во 2021 година започна на 5 декември во неделата навечер, а треба да заврши вечерта на 6 декември.