AA
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Како последица на временските непогоди во Истанбул загинаа четири лица, а 19 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на гувернерот во Истанбул, повикувајќи се на податоците на Кабинетот за вонредни ситуации (АФАД), соопшти дека загинале четири лица, а меѓу нив е и странски државјанин.
Наведено е дека се повредени 19 лица, меѓу кои три се со потешки повреди. Истакнато е дека надлежните служби посветено работат на терен.
Причинета е и материјална штета. Ветерот ги откорна дрвјата, а се превртеа и најмалку три камиони.
Најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир.
Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.