Barış Gündoğan
02 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој престојува во посета на источниот турски град Карс, порача дека Турција ќе продолжува да ги покопува оние кои сакаат да ја поделат оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган престојуваше во источниот турски град Карс, каде присуствуваше на Конгресот на Партијата за правда и развој (АК Партија), а во таа прилика се осврна на актуелните случувања.
Зборуваше и за борбата против терористичката организација ПКК.
„Никој нека не си помислува дека може да ја подели територијата на нашата татковина. Оние кои сакаат тоа да го направат, треба ова добро да го знаат. Како што со авионите Ф-16 ги бомбардиравме на планината Џуди, во Тендерук, во Кандил, како што ги закопавме таму, ќе продолжиме и понатаму да ги закопуваме“, порача Ердоган, и додаде:
„Во текот на една недела неутрализирани се 100 терористи. Доколку продолжат да вложуваат напори во поделба на оваа земја, оваа бројка од 100 може да се зголеми на 200 и на 300. Никој нека не се обидува да го наруши мирот и благосостојбата на мојот народ. Ние сме тука за единство и мир на нашиот народ“.
Ердоган уште еднаш се осврна и ги негираше тврдењата на лидерот на турската опозициска Републиканска народна партија (ЏХП), Кемал Киличдароглу дека праќал било какви пари во компаниите во странство.
Тој порача дека наводните документи кои Киличдароглу ги изнел во јавноста се фалсификувани документи и дека не пратил никакви пари во странство.
„ Она што Киличдароглу го има во рацете се документи за купување меѓу две банки, Халкбанк и Албарака. Се работи за трансфер на банка од Турција која прати пари на друга банка, а која исто така е во рамките на Турција. Но, и она што го има во рацете е фалсификувано“, изјави Ердоган и му порача на Киличдароглу дека најтешка работа на светот е да се докажува нешто што не е точно.