Emin Alper
18 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
БУРСА (АА) - Природниот парк, кањонот Садаги, кој се наоѓа во подрачјето на местата Орханели и Бујукорхан во турската област Бурса, ги пречекува своите посетители обоен во есенски бои, известува Агенција Анадолија (АА).
Кањонот кој во 2020 година со претседателска одлука е прогласен за „чувствително подрачје кое дефинитивно треба да се заштити“, стана честа дестинација за љубителите на природата кои сакаат да се оддалечат од стресот на урбаниот живот.
Посетителите коишто доаѓаат во регионот, имаат можност да уживаат во свежиот воздух на планината Улудаг, во природниот спектар на жолти, зелени и кафеави тонови на природата и да фотографираат.
Посетителите на кањонот кој е оддалечен 47 километри од градот Бурса и 9 километри од местото Орханели, ги пречекуваат карпи високи 70 метри.
Кањонот долг 12 километри, со пешачки патеки во должина од околу 1,7 километри, снимен е со дрон во неговото есенско руво кое создало прекрасни пејзажи.
Кањонот, во чиј состав се наоѓаат и зграда за промоции, шест газебо објекти (мал, обично дрвен објект во градина - павилјон), четири дрвени мостови, биолошки студиски центар, скалила, изградени со финансиска помош на Агенцијата за развој Бурса - Ескишехир - Билеџик (БEБKA) во рамките на проектот наречен „Природниот парк, кањонот Садаги се среќава со екотуристите“.
Посетителите на кањонот своите потреби за храна и пијалаци можат да ги задоволат во „селската куќа“.