Kemal Karadağ
29 Јуни 2018•Ажурирај: 01 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во акциите во последните 7 дена, на југоисточниот дел на Турција и северниот дел на Ирак, неутрализирани се 56 терористи, вклучувајќи и едно водечко лице на организацијата ПКК/КЏК, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Војската на Турција е соопштено дека во периодот од 22 до 28 јуни се неутрализирани 56 терористи и дека е запленет голем број оружје и муниција. Уништени се 7 складишта и 16 рачно изработени експлозиви. Загинаа 4, а ранети се 6 војници.
Акциите се извршени во Дијабакир, Ширнак, Хакќари, Кахраманмараш, Агри, Битлис на југоисточниот дел на Турција и северниот дел на Ирак. Се работи за акции кои во континуитет ги спроведуваат членовите против сите терористички организации, вклучувајќи ги ПКК/КЏК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ.
Од Генералштабот е објавен и податок дека во истиот временски период во обид за влез и излез од земјата, фатени се 3.448 илегални мигранти.
Соопштено е и дека во состав на операцијата „Маслинова гранка“ на подрачјето на сириски Африн се неутрализирани 4.513 терористи.
Во судирите со терористите до денес загинаа 54 војници, а 234 се ранети. Во тек се акциите за пронаоѓање на заостанатите убојни средства и деминирање на подрачјето на Африн.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари, во согласност со турските права, засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации.
Турските сили и Слободната сириска армија ја ослободија целата територија од терористите на ПКК/КЦК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ, а Турција продолжува да се бори против тероризмот по должината на линиите на границите со Сирија и Ирак.
Турција се повикува на член 51 од Договорот на ОН, или на „правото на самоодбрана“. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, во јули 2012 година без судир им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ЈПГ/ПЈД/ПКК. Африн стана еден од главните центри на оваа терористичка организација.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. Од средината на 80-тите години во минатиот век, ПКК води вооружена борба против Турција.