Hamdi Çelikbaş
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
АНКАРА
Земјотрес со магнитуда од 5,1 степен го потресе подрачјето на Егејското море утринава, соопшти турската Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Земјотресот се почувствувал во западната област Измир во 07:00 часот изутрина по локално време, соопшти АФАД.
Епицентарот на земјотресот бил на оддалеченост од 56,18 километри од местото Урла, на длабочина од 3,97 километри.
Од АФАД информираат дека бил почувствуван и последователен потрес со магнитуда од 4,3 степени. Овој потрес бил на длабочина од 7,16 километри.
Досега не се објавени информации за евентуални жртви или за причинетата материјална штета.