Hüseyin Erdoğan
11 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Изградбата на нуклеарната централа (NPP) ќе започне најдоцна на крајот од оваа и почетокот на наредната година, изјави тускиот министер за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак, на денешниот настан од областа енергетика во јужниот град Анталија, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската државна компанија за атомска енергија „Росатом“, планира да ја изгради првата турска нуклеарна централа во турската јужна област Мерсин на медитеранскиот брег.
Првиот реактор на централата треба да започне да работи до 2023 година, а се очекува централата да работи со полн капацитет до 2025 година.
Според Албајрак, турската атомска енергетска компанија (TAEK), турско регулаторно тело, работи на детална студија во врска со дозволата за изградба на нуклерната централа „Акују“ (NPP).
Албајрак истакна дека во текот на студиите ќе биде разгледан дури и најмал ризик во Турција, земја која нова во областа на нуклеарната технологија.
„Сите работи за локализација веќе започнаа“, нагласи тој.
На 4 октомври, ТАЕК ја одобри „AEM-technology“ (АЕМ-технолоџи) како производител на опрема за нуклеарната централа „Акују“.
Според соопштението од компанијата, ТАЕК на 19 септември го издаде сертификатот за одобрување на „AEM-technology“, оддел за машинско инженерство на руски „Росатом“ (Atomenergomash). „Росатом“ е првиот производител на опрема за производство на нуклеарни централи што добил официјален сертификат за производство.