Mustafa Kurt
03 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
АНТАЛИЈА ( АА) - Српскиот државјанин Башким Реџепи по кој веќе осум години е распишана потерница од Интерпол поради двојно убиство, е уапсен во турскиот град Анталија, јавува Anadolu Agency (АА).
Реџепи (39) во 2007 година на територијата на Србија извршил двоструко убиство, а подоцна интерпол по него распиша црвена потера. Турката полиција упадна во неговата куќа во Анталија.
Полицијата упдна во куќата и го уапсија Реџепи, а при претрес е пронајдена возачката дозвола издадена на друго име. Се претпоставува дека Реџепи ги направил лажните документи во Косово, па така врз нивна основа влегол на територијата на Турција.