Burcu Çalık
21 Септември 2018•Ажурирај: 22 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, за време на прес-конференицијата во претседателството во Анкара го рече следното: „МИТ и безбедносните институции ќе продолжат со решителни операции против терористички организации надвор од нашата земја“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот Калин, денеска во Анкара во изјавата за медиумите изјави дека турските безбедносни агенции и институции, во кординација со Русија, работат на бројни прашања во сириски Идлиб.
„МИТ, ТСК и нашите специјални сили, во координација со Русија, на теренот работат како во Идлиб да се воспостави демилитаризиран простор од 15 до 20 километри, како и на прашањата како на тој простор да бидат неутрализирани и пасивизирани терористите што делуваат таму“, порача Калин.