Kasım İleri
25 Јули 2016•Ажурирај: 26 Јули 2016
ВАШИНГТОН (AA) - Ибрахим Калин, портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, истакна дека во согласност со постоечкиот билатерален договор за екстрадиција треба да го испорача нејзиниот државјанин Фетулах Ѓулен кој е лидер на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот “The New York Times“ објави колумна која Калин ја напиша под насловот „Лидерот на воениот удар мора да одговара", во која потсети дека повеќе од 240 цивили и полицајци се убиени во обидот за воен удар кој на 15 јули во Турција го изведоа припадниците на вооружените сили лојални на терориситчката организација ФЕТО/ПДЈ.
По гушењето на обидот за пуч, Калин истакнува дека на предлог на цивилните и воените лисери во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба за да пред лицето на правдата се изведат сите одговорни за обидот за пуч. Додаде дека голем број на државни службеници во сите сектори досега се суспендирани и приведени поради поврзаноста со пучистите.
„Одалечувањето на пучистите од јавните функции ја чини турската влада посилна, транспарентна и поефиканса", рече Калин и остро ги критикуваше круговите кои се обидуваат обидот за пуч во Турција да го претстават како „игра".
„Да се тврди дека обидот за пуч бил театарска претстава е смешно исто колку што да се тврдењето дека САД ги извршил нападите на 11 септември. Сите докази укажуваат дека лидерот на пучот бил Фетулах Ѓулен", наведува Калин во колумната.
Калин и понатаму рече дека „Ѓуленистите" тајно инфилтрирале свои луѓе во правосудните и безбедносните или и така го злоупотребиле правниот систем во таа земја. Наведува дека паралелните структури ги прислушкувале најголемите службеници и секогаш кроеле планови за соборување на легалната и легитимната власт во Турција.
„САД треба во согласност со постоечкиот договор на Турција да ѝ го испорача турскиот државјанин Фетулах Ѓулен.Турција досега на амеркинаските службеници им достави многу доказен материјал, а ќе достави и уште докази кои се собираат со актуелните истраги. САД не би смееле да дозволат, Ѓулен со злоупотреба на американските закони да избегнува да одговара во Турција во согласност со правдата и законите", заклучи Калин.