İlkay Güder
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин изјави: „Во соопштението на Пентагон има една изјава во којашто се вели: 'нема да ја собереме опремата што не претставува закана за Турција'. Одлуката за тоа кој или што претставува закана за националната безбедност не можат да ја донесат други, тоа е одлука на Република Турција“, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин изјави дека е потребно без одложување да се собере од ПЈД/ПКК во Сирија, оружјето и останатата воена опрема од околу 4.000 шлепери која на терористичката организација ѝ беше дадена под образложение за „борба против ДЕАШ“.
„Бидејќи заврши борбата против ДЕАШ, на оваа организација оружјето повеќе не ѝ е потребно“, оцени Калин и додаде: „Знаеме дека претходно, на сличен начин, Америка распредели оружје во Ирак, чија трага се загуби. Затоа е потребно овие зборови да бидат поткрепени со конкретни чекори“.
- „Потребно е американската администрација да ги прекине своите врски со терористичките организации“
Ибрахим Калин посочи дека доколку не биде собрано оружјето, тоа ќе доведе до проширување на нестабилноста. Тој истакна дека тоа може таквата состојба да ја направи трајна, и додаде:
„Давањето ново оружје само ќе ги продлабочи хаосот и нестабилноста во регионот. Незамисливо е да прифатиме едно вакво сценарио. Во соопштението на Пентагон има една изјава во којашто се вели: 'нема да ја собереме опремата што не претставува закана за Турција'. Одлуката за тоа кој или што претставува закана за националната безбедност не можат да ја донесат други, тоа е одлука на Република Турција. Потребно е американската администрација во потполност да ги прекине своите врски со терористичките организации како што е ПЈД/ПКК“.