Melda Altakhan
03 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
АНТАЛИЈА (АА) – Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во своето обраќање по повод организираната вечера за ифтар од страна на Претседателството на АК партијата, во градот Коркутели, наведе дека не постојат никакви контрадикторности во надворешната политика на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„На една страна е ЕУ, на другата Русија. Можеме да продолжиме по патот и со двете заедно. Тоа не е контрадикторен однос. Не е ниту поставување на алтернатива, ниту пак конкуренција. Бидејќи ние ќе постапуваме во наша полза. Во суштина немаме проблем ни со ЕУ, ни со Русија”, истакна тој.
Чавушоглу, на вечерата истакна дека во последните денови има придвижување во турската надворешна политика, која според министерот, претставува политика насочена кон повеќе правци.
„Всушност, од една страна Русија, од друга Израел, и во меѓувреме бевме затекнати со терористички напад, и последно, отворивме едно ново поглавје со Брисел. Последното до некаде ни беше избегано од вид. Претходно, значително се оддалечивме по прашањето за безвизниот режим. Како што може да се види, Турција применува повеќестрана надворешна политика. Турција всушност нема никаков проблем со никого. Ние стоиме исправено, горди на нашите потези. Не молчиме во лицето на неправдата. Не сме ѓаволот кој молчи. Секогаш се трудиме да ја кажуваме вистината и да бидеме на страната на угнетените”, рече Чавушоглу, претходно говорејќи за нормализацијата на односите со Русија и Израел.
Истакнувајќи дека ниту една од политиките не се во противречност една со друга, Чавушоглу додаде: „Во суштина немаме проблем ни со ЕУ, ни со Русија. Ете пред еден ден отидовме во Брисел, отворивме едно ново поглавје и остваривме многу битен состанок по прашањето за безвизниот режим. Оттаму вечерта отидовме во Русија а потоа се сретнавме со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. Имавме една мошне корисна средба. Зборуваме за начинот на остварување на зацртаните цели. Потоа министрите и административците повторно ќе се сретнат. Нашиот претседател на државата ќе оствари средба со Путин. Го издефиниравме нашиот патоказ”.