Büşra Nur Çakmak
03 Април 2022•Ажурирај: 04 Април 2022
АНКАРА (АА) - Министрите за надворешни работи на Турција и Пакистан разговараа за последните случувања во Пакистан, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мевлут Чавушоглу и Шах Махмуд Курејши разговараа телефонски пред закажаното гласање за предлогот за недоверба на пакистанскиот премиер.
Заменик-претседателот на пакистанскиот Парламент денес го отфрли предлогот, оценувајќи го како „неуставен“.
По одлуката на заменик-претседателот, премиерот Имран Кан истакна дека испратил предлог до претседателот да го распушти Парламентот на земјата и да распише нови избори.
Опозицијата предводена од Пакистанската народна партија и Пакистанската муслиманска лига - Наваз на 8 март поднесе иницијатива за недоверба на Кан под образложението дека премиерот ја изгубил довербата на мнозинството пратеници.