Esin Işık
14 Август 2021•Ажурирај: 15 Август 2021
АНКАРА
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) на Турција соопшти дека досега во поплавите што го зафатија Црноморскиот Регион на земјата животот го загубија 36 лица во областа Кастамону, 7 во областа Синоп и едно лице во областа Бартин, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што АФАД го даде во врска со поплавите во западниот дел на Црноморскиот Регион во Турција се вели дека сите институции со персоналот и возилата продолжуваат да даваат поддршка во активностите за евакуација, потрага и спасување на загрозените лица.

„Во Кастамону поплавите се причина за смртта на 43 лица, 7 во Синоп и една во Бартин“, се вели во соопштението на АФАД.
Во соопштеинето се истакнува дека екипите за потрага и спасување продолжуваат да работат во градот Ајанџик во областа Синоп и во градот Бозкурт во областа Кастамону.