Cansu Dikme
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - Најмалку 420 мигранти без документи се притворени во северозападна Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Жандармеријата ги притвори странските државјани во градовите Демиркој, Кофчаз и Бабаески“, изјави изворот кој зборуваше под услов на анонимност.
Мигрантите без документи од Ирак, Авганистан, Пакистан и Сирија се обидувале илегално да стигнат до Европа, додаваат изворите.
Другите 379 странски државјани беа задржани во Едрене, додека се обидувале илегално да влезат во Европа преку Турција.
Меѓу нив освен државјани на Палестина, Либија, Алжир, Иран и Бангладеш имало и државјани од Сирија, Ирак и Авганистан.
Тие подоцна биле предадени на локалните миграциски власти.
Во меѓувреме, две осомничени лица се уапсени поради наводно организирање илегален премин на границата.
Турција е главна рута за бегалците кои се обидуваат да влезат во Европа, особено од 2011 година, од почетокот на Граѓанската војна во Сирија.
Меѓу мигрантите притворени во Турција во 2017 година, поголемиот дел се од Пакистан (околу 15.000), по кој следуваат Авганистанците чиј број изнесува 12.000 и Сиријците 10.000.