Sibel Uğurlu
26 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Најмалку 39 мигранти без документи се притворени во турската југозападна област Чанаккале, соопштија денес безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Крајбрежната стража фати 16 лица од Авганистан во подрачјето на Кадирга при обид да преминат во Грција со помош на гумени чамци“, истакна изворот кој зборуваше под услов на анонимност.
Уште 23 Авганистанци се фатени во чамец на брегот во регионот Бабакале.
Сите фатени мигранти се испратени во обласниот Центар за репатријација.
Турција е главна маршрута за бегалците кои се обидуваат да преминат во Европа, од почетокот на граѓанската војна во Сирија.