Sena Güler
07 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 65 осомничени лица се уапсени за време на антитерористичките акции извршени во Турција, поради поврзаност на осомничените со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во северозападната област Едрене, 10 осомничени лица се притворени поради обидот илегално да влезат во Грција“, вели безбедносен извор кој сакаше да остане анонимен.
Безбедносните сили запреа две возила во близина на влезот на подрачјето Кешан и ги притворија возачите и 10 осомничени лица, вклучувајќи поранешен инспектор и наставник.
Осомничените се обвинети за користење на смартфон апликацијата за комуникација „ByLock“ (БајЛок), која ја користеa припадниците на ФЕТО.
Друг осомничен коj беше уапсен за време на пасошка контрола во Едрeне исто така се товари за користење на апликацијата „ByLock“.
За време на операцијата беше уапсено уште едно осомничено лице во Kешан, по издаден налог за апсење од страна на Канцеларијата на јавниот обвинител.
Друг безбедносен извор вели дека во одделна операција, во југозападната област Мугла се приведени 32 осомничени лица на терористичката организација ФЕТО на 15 локации, вклучувајќи ги Анкара и Истанбул.
Овие апсења се случија откако од канцеларијата на јавниот обвинител во Мугла беа издадени налози за приведување на лицата, вклучувајќи и воен персонал.
Операцијата за приведување на уште тројца осомничени е во тек, вели изворот.
Во друга операција во централната област Ескишехир беа уапсени четворица наредници.
Според полицискиот извештај, во операцијата во Газиантеп се уапсени 11 осомничени лица. Уапсените, меѓу кои има директори и наставници, се товарат за користење на апликацијата „ByLock“.
Според соопштението издадено од страна на канцеларијата на гувернерот на Баликесир, безбедносните сили во таа област исто така уапсиле уште четири лица. Тие се осомничени за користење на апликацијата „ByLock“.
Во друга операција во централната област Токат, откако се издадени налози за апсење од канцеларијата на јавниот обвинител, уапсени се две лица. Лицата кои биле вработени во приватниот сектор исто така се товарат за користење на апликацијата „ByLock“.
Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот обид за државен удар што се случи минатата година во Турција, кога загинаа 250, а беа повредени речиси 2.200 лица.