Kemal Karadağ
23 Септември 2017•Ажурирај: 23 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на ирачката војска, Осман Ал Ганими, допатува во Турција каде ќе се состане со турскиот колега, Хулуси Акар, јавува Anadolu Agency (AA).
Службениот дочек ќе биде организиран во централата на Генералштабот на Турција, откако ќе биде одржан и состанок на двајцата началници на генералштабовите.
Курдската регионална управа во северен Ирак еднострано најави одржување на референдумот за независноста на тој регион за 25 септември. Парламентот, Владата и Уставниот суд на Ирак забранија одржување на тој референдум, а против е и меѓунанродната заедница.
Владата на Република Турција му ја достави вчера на раководството на Големото народно собрание на Република Турција одлуката за продолжување на овластувањето на Владата и во наредните 12 месеци да може да извршува воени операции во соседен Ирак и Сирија.
Во владината одлука се наведува дека Турција придава голема важност за зачувување на целоста и стабилноста на Ирак и Сирија, и се наведудва дека присуството на терористите на ПКК и ДЕАШ како и етничкиот сепаратизам во таа земја претставуват директна закана за регионалниот мир и безбедноста на Турција. За денес е најавена вонредна седница на парламентот на Турција.