Orhan Onur Gemici
23 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
КИРШЕХИР (AA) – Премиерот на Турција Бинали Јилдирим референдумот кој Регионалната курдска управа на северот на Ирак планира да го спроведе на 25 септември, го смета за погрешен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуката за овој референдум е погрешна одлука, авантура. Од почеток Турција на пријателски начин, како соседна земја, праќаше предупредувања, но гледаме дека овие предупредувања не се сфатени сериозно. Продолжуваат да инсистираат на оваа грешка. Исходот на инсистирање на оваа грешка, на која и се спротиставува целиот сет, која не ја сака ниту една земја од соседството, не може да биде добар", порача Јилдирим.
Изјави дека на таа територијата секогаш сложно живееле припадници на различните етнички групи и дека никој нема право поради група на лични амбиции да го нарушува мирот.
Јилдирим потсети дека на синоќешниот состанок на Советот за национална безбедност на Турција како и на состанокот на Советот на министри е разговарано за чекорите кои ќе бидат преземени по одлуката за референдум.
„Чекорите кои ќе ги преземеме ќе биде во блиска соработка со соседен Ирак и Иран и ќе има дипломатска, политичка, економска и безбедносна димензија. За тоа кои чекори ќе бидат преземени и кога, ќе одлучиме во склад со случувањата на терен. Сите опции се разгледуваат. Се е на маса. Како ќе биде применето? Ќе ги видиме резултатите на референдумот, а тогаш за се ќе ја информираме јавноста", порача Јилдирим.
Рече и дека не можат да покажат толеранција за било каква авантура која би ја довела во прашање безбедноста и благосостојбата на државата, 80 милиони државјани и територијата од 780 илјади квадратни километри.
„Не можеме да покажеме толеранција за било која авантура која би ја довела во прашање безбедноста ниту благосостојбата на нашата земја, нашите 80 милиони државјани и територија од 780 илјади километри квадратни. Нека сите наши граѓани бидат спокојни, без оглед дали живеат на истокот, западот, северот или југот на оваа земја. Ова прашање, не е прашање на нашите браќа Курди. Нашата најголема желба е нашите браќа Курди да живеат во стабилност, мир и спокој, како во нашата, така и во соседните земји", додаде премиерот Бинали Јилдирим.
На прашњето дали меѓу опциите се наоѓа и прекогранична операција, одговори потврдно.
„Која опција ќе биде применета и кога е прашање на време.Околностите тоа ќе го одредат", рече Јилдирим.
На програмата која следуваше потоа во тој град, Јилдирим рече дека овие денови неколку работи се случуваат на северот на Ирак и дека претседателот на Регионалната курдска управа на северот на Ирак Месуд Барзани, кој инсистира на референдум, предупредија дека е на погрешен пат.
„Не разбира, но ако не разбира, ние знаеме да говориме и со јазикот кој го разбира", порача Јилдирим.
Од друга страна, генералниот секретар на кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека ќе дојде до сериозни последици доколку планираниот референдум не биде откажан.
„Турција секогаш била со ирачките Курди. Доколку не биде откажан референдумот, ќе дојде до сериозни последици. Ербил што поскоро би требало да се откаже од оваа страшна грешка која ќе покрене нова криза во регионот", истакна Калин преку социјалните мрежи.