Haydar Toprakçı
09 Август 2021•Ажурирај: 10 Август 2021
ИЗМИР/БАЛИКЕСИР
Најмалку 23 лица загинаа, а 28 се повредени во две одделни несреќи во западна Турција, во кои беа вклучени два патнички автобуси, јавува Агенција Анадолија (АА).
Осум лица загинаа, а 11 други се повредени во областа Измир кога патнички автобус излета од насипот и падна на земја во областа Кемалпаша, објави на Твитер гувернерот на Измир, Јавуз Селим Косгер.
Несреќата се случила откако возачот на автобусот изгубил контрола над воланот.
Жандармеријата, здравствените и противпожарните екипи веднаш биле испратени на местото на настанот.
Сите повредени се пренесени во блиските болници.
Претходно во текот на утрото, патнички автобус се преврте во областа Баликесир, откако ја загуби контролата, при што загинаа најмалку 15 лица. Автобусот, кој доаѓаше од црноморската област Зонгулдак, бил на пат кон областа Едремит во Баликесир.
Спасувачките и екипите за итна помош веднаш биле испратени, но 11 лица починале на местото на настанот, а четворица подоцна им подлегнале на повредите во болница и покрај напорите на лекарите.
Во посета на повредените, гувернерот на Баликесир, Хасан Силдак, рече дека тројца од 17-те лица повредени во несреќата се пуштени од болница по укажаната помош.
Во тек се истраги за откривање на причините за несреќите.