Sarp Özer
08 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа 6 терористи во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се наведува дека се неутрализирани 6 терористи во рамки на гаѓањата за легитимна самоодбрана врз зоните Завјан, Шалах, Тел Џиџан и Тел Унајб во источниот дел на сирискиот град Тел Рифат.
Се истакнува дека еден од убиените терористи е сторител на нападот извршен на 5 август врз амбулантно возило и градежно возило во подрачјето, во кој загинаа 2 лица.