Yahya Sezgin
20 Декември 2017•Ажурирај: 21 Декември 2017
МУС (АА) - ЈАХЈА СЕЗГИН - Езерото Хамурпет на истокот на Турција се наоѓа на надморска височина од 2.150 метри и неколку месеци од годинава е покриено со дебел слој на мраз, но тоа не им пречи на локалните рибари, кои секојдневно одат по богат улов на риба, јавува Anadolu Agency (AA).
Езерото се наоѓа на планината во областа Варто во провинцијата Мус, а тамошните рибари се познати по риболов во кој моторната пила е ссоставен дел на основната рибарска опрема.
Покриено со мраз и со риба богатото езеро Хамурпет е своевиден природен аквариум, а рибарите на просечни минус 20 Целзиусови степени со моторна пила прават дупка во мразот и за неколку часа секој ден фаќаат и до половина тон шаран и други видови на риби.
Ферхат Басаран за АА рече дека во раните утрински часови со колегите рибари поставуваат мрежа на работ на мразот, а дека наредниот ден доаѓаат и го извлекуваат уловот.
„Тоа не се толку лесни услови за риболов, но човекот мора да се справи со околностите за да заработи за живот. Оваа рајска земја нуди многу, а на човекот е да се снајде. Еве ние се снајдовме и ни оди многу добро", рече Басаран.
И рибарот Фират Субаши истакнува заработувањето на топол леб во замрзнато езеро не е детска игра, туку сериозен бизнис, кој бара многу напор, но и љубов кон работата.