Enes Kaplan
01 Јули 2018•Ажурирај: 02 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) неутрализираа 8 терористи, во рамките на воздушната операција извршена во подрачјето Зап, во северниот дел на Ирак, и во руралните подрачја на местото Чатак, во близина на турскиот град Ван, и во местото Бејтусебап околу турскиот град Шанлиурфа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено на Твитер, на профилот на Генералштабот на Турската армија, се наведува дека вчера и денес е извршена воздушна операција врз подрачјето Зап, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, и во руралните подрачја во местото Чатак во турскиот град Ван, и во местото Бејтусебап во турскиот град Шанлиурфа.
Во соопштението се вели дека во рамките на оваа воздушна операција за која станува збор, неутрализирани се 8 терористи.