Cankut Taşdan
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Обвинителството во Анкара издаде налог за апсење на најмалку 54 лица поврзани со ФЕТО, поради сомнеж дека украле прашања за приемен испит, и на тој начин се примени во полициската академија 2012 година, јавува Anadolu Agency (AA)
Во соопштението од обвинителството е наведено дека за време на истрагата е утврдено дека припадниците на вооружената терористичка организација ФЕТО украле прашања за приемен испит за полициската академија 2012 година, и прашањата ги споделиле на членовите на оваа организација.
Со истрагата исто така е утврдено дека се сторени кривични дела членство во терористичката организација и измама на штета на јавните институции.
Потоа е издаден налог за апсење на најмалку 54 лица за кои е утврдено дека на овој начин се примени во полициската академија.
Во тек е акцијата на приведување на осомничените.