Ahmet Okur
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
БИТЛИС (AA) - АХМЕТ ОКУР - Жените го изработуваат сапунот како уметници, во Центарот за поддршка на семејствата (АДЕМ) при Фондацијата на гувернерството на турскиот Битлис за социјална помош и солидарност.
Жените, на курсот по изработка на сапуни, ги земаат сапунските калапи од маркет, ги обработуваат и ги мелат долго додека не бидат во форма на тесто. Жените придонесуваат за семејниот буџет и се социјализираат, правејќи рачно изработени сапуни во различни облици како и мирисни камени и интересни подароци кои истовремено ги продаваат.

Инструкторот Ајше Намли во разговор за Anadolu Agency (AA) изјави дека сапуните ги месат како тесто, а потоа дават облик со рака без користење на било која машина. Намли, нагласи дека уметноста на сапун е заборавена и тие сакаат и се трудат да заживее оваа уметност.
„Нашите курсисти тука учат уметност. Исто така, придонесуваат за семејниот буџет со производите што ги продаваат при извршената нарачка. А, производите кои не се нарачани се продаваат преку интернет и половина од приходот што се добива од производите се донира на Центарот за поддршка на семејства. Жените имаат свои пари. Тие заработуваат со сопствен труд. Постои разлика помеѓу заработените пари и парите што се земат од сопругот“, рече таа.
Голем интерес за курсот по изработка на сапун од жените и младите девојки, па дури и жените што работат понекогаш доаѓааат на курс за време на пауза.
Една од курсиерите Нурџан Гувен вели дека курсот е забавен и се стекнуваат многу пријатели.
„Тука сме како семејство и имам многу пријатели. Курсот е забавен. Прв пат се приклучив на курсот по изработка на сапун. Тука забораваме за проблемите, има убав амбиент. Дефинитивно секој треба да дојде“, вели Нурџан.