Sebahatdin Zeyrek,Mehmet Ali İlnem
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
ДЕНИЗЛИ (AA) - Познатото туристичко место Памуккале во југозападна Турција, во близина на градот Денизли, во последните осум дена го посетиле околу 104.000 туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Памуккале, кое се наоѓа на Листата на светското наследство на УНЕСКО, во текот на Курбан бајрам, празникот на муслиманите, го посетија туристи од целиот свет.
Памуккале има 17 извори од кои извира водата со температура од 35 до 100 степени Целзиусови. Памуккале значи дворец од памук и е едно од најимпресивните места во Турција. Тврдите, бели депозити од далеку потсетуваат на снег.
Веќе 2.500 години, благодарејќи на термалните води, ова турско туристичко место е лек за многумина што доаѓаат во ова подрачје.
Директорот на Управниот одбор на Памуккале, Казим Тали, изрази задоволство од успешната туристичка сезона.
„Во текот на Бајрам во Памуккале имавме голема концентрација на луѓе. Во тек е заминување на тие луѓе. Повеќето беа домашни туристи“, рече Тали.
Дневно низ Памуккале поминувале околу 13.000 туристи. Најголем број странски гости биле од Блискиот Исток, потоа од Европа и Русија.