Salim Taş
25 Август 2018•Ажурирај: 26 Август 2018
ХАТАЈ (AA) - САЛИМ ТАШ -
Црквата „Св. Пeтар“, првата црква-пештера во светот, се наоѓа во Хатај, на југот на Турција и има важна улога во верскиот туризам на тоа подрачје, пишува Anadolu Agency (AA).
Откако е ставена на Привремената листа на светското наследство на УНЕСКО, направена е и реставрација и уредување на околината на првата црква во пештера.
Се простира на површина од 10.000 метри квадратни, а има и патеки за пешачење, места за седење, паркинг и кафуле.

Црквата настанала во 30-тите години по Исус на начин што на тоа место тајно се состанувале оние кои веруваат во Исус. Сместена е во пештера со должина од 13 метри и ширина од 9,5 метри.
По 1963 година, на секој 29 јуни во оваа црква доаѓаат посетители од сите делови на светот.
Директорот на Канцеларијата за култура и туризам, Хусну Исикгор, за АА изјави дека црквата е посебно место во Хатај во кој луѓето од различни вери живеат во братство, мир и благосостојба.
„Црквата е еден од најважните споменици. Целта ни е да биде дел од Листата на светското наследство на УНЕСКО“, рече Исикгор.
Гирај Есен со сопругата дошол во посета на црквата која има своја историја. Смета дека секое место во Турција е посебно на свој начин.