Sebahatdin Zeyrek
04 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
ДЕНИЗЛИ
Локалитетот Памуккале во турскиот град Денизли, кој се наоѓа на Листата на светски наследства на УНЕСКО, во првите шест месеци од оваа година бил посетен од 1 милион туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Памуккале, кој е познат како „бел рај“ со травертините со уникатна убавина, лековитите термални води и околните антички градови, во текот на сезоната продолжува да ги пречекува своите посетители.
Локалитетот се наоѓа меѓу најпреферираните дестинации во текот на неделата и во викенди, а се посетува и од локални и од странски туристи.

Претседателот на Здружението на туристички хотели и претприемачи, Гази Мурат Шен, во изјава за медиумите истакна дека е зголемен интензитетот на посетите на Памуккале.
Шен нагласи дека Памуккале во првите шест месеци во оваа година го посетиле 1 милион туристи.
„Во истиот период минатата година оваа бројка беше 780.000 посетители. Во споредба со минатата година, забележавме раст од 23 отсто. Правиме сѐ оваа бројка да ја зголемиме на 3 милиони туристи до крајот на годината“, рече тој.
Шен истакна дека од Министерството за култура и туризам на Турција побарале да се постави ноќно осветлување, со што имаат цел да го зголемат бројот на туристите.