Furkan Gençoğlu
04 Јули 2019•Ажурирај: 07 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Според анкетата „Expat Explorer“, што ја спроведе банкарската групација HSBC, врз основа на условите за живот и работа, Турција е избрана за 7. најдобра земја во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Групацијата HSBC ги објави резултатите од анкетата „Expat Explorer“, што ја спроведе во 163 земји, а во која се разгледани искуствата на над 18.000 странци, вработени во тие земји.
Анкетата ги анализира можностите за квалитетен живот што ги нуди земјата, балансот работа-приватен живот, финансиската придобивка и семејниот живот.
Оваа година анкетата е спроведена по 12-ти пат, и претставува една од најсеопфатните и најдолгорочните истражувања спроведени со странците вработени во земјите од светот.
- Раст на квалитетот на животот на странците
Според анкетата, 62% од странците вработени во Турција се изјасниле дека им е зголемен квалитетот на животот во однос на сопствените земји.
Од странците во Турција, 52% се изјасниле дека во таа земја имаат повеќе време да се фокусираат на својата кариера, на своите хобија или семејства, 55% истакнале дека со работата во Турција имаат можност да ги задоволат своите желби за подобра куќа или подобар автомобил, а 69% од нив се изјасниле дека се чувствуваат безбедно во Турција и дека локалното население е пријателски наклонето.
Споредувајќи ја со сопствената земја, 60% од странците истакнале дека соодносот работа-приватен живот е подобар во Турција.
Во контекст на тоа, 59% од странците што работат во Турција се изјасниле дека имаат можност за повеќе патувања, а 57% од испитаниците рекле дека научиле нешто ново, нуркање, странски јазик или готвење.
Од странците што работат во Турција, 72% се изјасниле дека градовите во кои живеат се богати од историски и културен аспект, имаат богата градска архитектура, споменици и паркови.
Меѓу анкетираните странци со работа во Турција, 58% се изјасниле дека земјата изобилува со убави ресторани и квалитетни јадења.
- „Турција е добар избор“
Во извештајот се отстапува место на гледиштето на заменик-генералната директорка на HSBC Турција, за индивидуално банкарство и раководење со резерви, Ајше Јенел, која дава свое гледиште за позиционирањето на Турција меѓу 10-те најдобри земји во светот, според работата и животот.
Јенел, истакнувајќи дека при донесувањето одлука за изборот на земја за работа влијаат голем број различни фактори, изјави „Анкетата на HSBC, „Expat Explorer“, покажа дека Турција претставува добар избор за странците кои сакаат да напредуваат во својата кариера и истовремено се во потрага по еден квалитетен живот.“
Јенел вели дека одлуката на поединците да работат во друга земја, влијае на повеќе полиња, од развојот на кариерата, преку квалитетот на животот, раководењето со личните финансии до семејниот живот.
Таа истакна дека како HSBC Турција, на најдобар начин ќе продолжат да ги задоволуваат потребите, очекувањата и приоритетите на поединците и семејствата во нивните изменети животи со услугите што ги нудат на полето на експертизата за раководење со средствата, меѓународните мрежи, собирањето информации, додавајќи дека ќе ја продолжат својата поддршка во секој момент од нивните животи.