Alp Özden
07 Јуни 2017•Ажурирај: 10 Јуни 2017
АНКАРА (AA) - Парламентот на Турција денеска во рамките на претходен Договор помеѓу Турција и Катар го усвои нацрт законот кој овозможува распоредување на турските сили во Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку, Договорот помеѓу двете земји за распоредување на турските сили на подрачјето на Катар е потпишан на 28 април 2016. година.
Целта на усвоениот закон е да даде придонес на модернизацијата на воените структури на Катар во рамките на меѓународното право како и интензивирање на соработката во областа на воената обука и образованието.
Исто така, законот предвидува дополнителен развој на вооружените сили на Катар со посредство на заеднички вежби, обука и образование, како и зголемување на интероперабилноста и координација на двете земји со цел придонес на мирот во регионот и во светот.
Се наведува дека главна цел е со заеднички обуки и вежби да се развијат одбрамбени можности на Катар.
По усвојувањето, нацртот на законот треба да го потврди претседателот на Републиката, а ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.