Nilay Kar
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ИЗМИР (АА) - Најмалку 92 мигранти без документи се притворени во западниот турски град Измир, соопштија од Командата на крајбрежната стража, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Командата на крајбрежната стража се вели дека мигрантите, меѓу коишто имало и деца, биле запрени во населбата Бадемли, во подрачјето Дикили, во момент кога со гумен чамец се обидувале илегално да преминат во Грција.
Меѓу мигрантите се наоѓале 23 Сиријци, 11 Анголци, пет лица од Габон, пет лица од Того, двајца Гамбијци и едно лице од Јужна Африка, се вели во соопштението.
Крајбрежната стража утринава, исто така, запрела и друг чамец во подрачјето Дикили, во кој се наоѓале 25 Авганистанци, 11 Сиријци, осум Иранци и едно лице од Конго.
Меѓу нив имало и 17 деца, се додава во соопштението.
Турција претставува главна рута за бегалците што се обидуваат да преминат во Европа, особено по почетокот на Граѓанската војна во Сирија.