Sorwar Alam
30 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Од Канцелариите на јавните обвинители во Истанбул и Анкара, денес се издадени налози за апсење на 87 осомничени членови на ФЕТО, велат судски извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул изадени се налози за апсење на 60 лица, што се обвинети дека давале едукативни консултации на членовите на ФЕТО и го користеле системот за шифрирана комуникација „ByLock” (БајЛок).
„ByLock“ (БајЛок) е систем за шифрирана комуникација што го користеа припадниците на терористичката организација ФЕТО предводена од Фетула Ѓулен, којашто е одговорна за неуспешниот обид за државен удар во Турција на 15 јули, во 2016 година. Преку овој канал за комуникација, раководството на ФЕТО на своите членови им испраќало наредби и инструкции за терористички активности, со што оваа организација го поткопувала системот во државата.
Одделот за борба против тероризам во Истанбул спроведе истовремени операции низ 28 области, со цел апсење на осомничените.
Канцеларијата на јавниот обвинител во Анкара, исто така, издаде потерници за 27 поранешни вработени во Министерството за млади и спорт, како дел од истрагата за терористичката мрежа ФЕТО.
Досега, полицијата во Анкара уапси осум осомничени лица, додека потрагата за останатите осомничени е во тек, вели полициски извор, кој сакаше да остане анонимен.
Во друга, одвоена операција во централната област Коња, полицијата уапси 15 лица, поради нивна наводна поврзаност со „женското крило“ на терористичката група ФЕТО.
„Полициската операција за апсење на уште три осомничени лица поврзани со истрагата спроведена од страна на Канцеларијата на јавниот обвинител во Коња продолжува“, додава изворот.
ФЕТО со посредство на своите инфилтрирани поданици во редовите на турската војска, полиција и во други институции, во јули 2016 година изврши обид за државен удар во Турција, во кој животот го загубија најмалку 250 лица.