Reşit Dağ
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ШАНЛИУРФА (АА) - Гувернерот на турскиот град Шанлиурфа, Ѓунѓор Азим Туна соопшти дека во рамките на истрагата покрената по терористичкиот напад кој се случи синоќа во градот, приведени се 26 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во терористичкиот напад извршен во населбата Јенишехир, животот го загубија 2 лица.
Гувернерот Туна изјави дека по експлозијата е покрената истрага и дека е утврдено дека автомобилот-бомба со која управувал напаѓачот во Шанлиурфа пристигнало од турската област Мардин.
Тој додаде дека се истражува дали станува збор за напад на терористичката организација ПКК.
Експлозијата предизвика и значителна материјална штета на околните станбени и деловни објекти.
Гувернерот Туна во претходната изјава имаше истакнато дека лице на возраст од 18 до 20 години, паркирало возило натоварено со експлозив во станбениот комплекс со државни станови, во кој живат државни службеници, поточно обвинители.