Mehmet Yavaş
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во Ајвачик, турската област Чанаккале фатени се 61 мигранти кои се обидувале илегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
По дојавата жандармериските екипи извршиле акција на брегот на местото Бекташ.
Во плантажа со маслинки се забележани мигранти со потекло од Сирија, Пакистан, Мали, Еритреја и Демократската Република Конго.
Отакко се процесуирани во Управата на жандармеријата во Ајвачик, мигрантите се предадени на Центарот за враќање на странци.