АНКАРА (АА) - ЗАФЕР ФАТИХ БЕЈАЗ -
Терористичката организација ФЕТО, чии членови со години се инфилтрираа во државните институции на Република Турција, за на крајот, во јули 2016 година, направат обид за државен удар, делува преку седумслоен хиерархиски систем. На врвот на системот се наоѓа Фетула Ѓулен, лидерот на ФЕТО, кому му одговараат 17 лица и кои Ѓулен ги именува лично, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на судскиот процес против 75 водечки имиња на терористичката организација ФЕТО, меѓу кои и Ѓулен, анализирана е структурата на делување на оваа терористичка организација.

Според обвинението, системот на делување на ФЕТО се темели врз структурата на седумслоен пирамидален систем, кој е карактеристичен за зороастризмот, а со тоа и за сектата Исмаилии, која е инспирирана од оваа религија (учење).
Системот на седумслојната хиерархија со која управува Ѓулен, отворен е кон врвот за премин од еден во друг слој, додека за движење во спротивна насока е затворен. Ѓулен ги одобрува преминувањата над четвртиот слој.
На првиот кат се наоѓа „општествениот или народен слој“, а станува збор за луѓе кои се поврзани со организацијата и ѝ пружаат финансиска или некоја друга поддршка. Повеќето од овие луѓе не се вклучени во хиерархискиот систем на ФЕТО, и свесно или несвесно ѝ служат на организацијата.
На второ место се наоѓа „лојалниот слој“, односно лојалната група на луѓе кои се вработени во училиштата, курсевите, студентските домови, банките, медиумите и јавните установи.
Станува збор за луѓе кои учествуваат во дружењата (сохбет) на организацијата, кои уредно плаќаат членарина и на кои помалку или повеќе им е позната идеологијата на ФЕТО. За да се премине во вториот слој треба да се биде член на организацијата.
На трето место е т.н „слој на идеолошко организирање“, во кој се наоѓаат припадниците на организацијата кои вршат „неофицијални“ активности, на високо ниво ѝ се лојални на организацијата и нејзината идеологија ја шират во околината.
Потоа следува четвртиот „слој на инспекциски надзор“, кој ги контролира сите законски и незаконски активности во рамките на организацијата. Членовите кои ќе се покажат како експлицитни во лојалноста може да стигнат до овој слој, најчесто станува збор за членовите кои се врзани со организацијата уште од детството. Оние кои тоа не се, многу ретко може да влезат во овој слој или некој повисок слој.
Петото скалило во системот на ФЕТО е „организацискиот и извршен слој“, која бара приватност на високо ниво. Меѓусебно слабо се познаваат. Ги именува Ѓулен лично, а нивната задача е да ги организираат и водат структурите во државата.
Шестиот е т.н „специјален слој“, чија задача е да се воспостави комуникација меѓу Ѓулен и пониските слоеви. Луѓето во рамките на овој слој ги назначува лично Ѓулен, а имаат задача да вршат именувања или разрешувања во рамките на организацијата.
На самиот врв на хиерархискиот систем се наоѓа Ѓулен, односно последниот, седми „штабен слој“, заедно со 17 лица кои директно му одговараат и кои лично ги именува.
Освен седумте наведени слоеви се наоѓа и т.н „симпатизерски слој“, а станува збор за лица кои имаат одредени симпатии кон организацијата. Овие лица не се вклучени во хиерархискиот систем на ФЕТО, на некој начин обезбедуваат поддршка и немаат никакво негативно мислење за ФЕТО.
Овој слој не добива директиви од ФЕТО ниту полага сметка на организацијата. Без обврска, повремено обезбедува материјална поддршка на организацијата, и зема учество во одредени организации во корист на ФЕТО.
Во овој слој се наоѓаат лица кои не го знаат вистинското лице на ФЕТО, односно сметаат дека ФЕТО е она за што се претставува. Организацијата има многу широка рамка на симпатизери меѓу кои често се наоѓаат политичари, уметници, новинари, писатели, академски работници, благодарение на кои во критичните моменти остварува корист.
Фетула Ѓулен, како седми слој, зазема водечко место во хиерархискиот систем на ФЕТО, петиот, шестиот и седмиот слој важат за управни слоеви во рамките на организацијата. На луѓето од петтиот и шестиот слој во никој случај не им е дозволено да ја напуштат организацијата. Членовите на шестиот слој се задолжени за активности кои Ѓулен ги смета за активности од „животно значење“.
Многу е ретко напуштањето од петиот слој на ФЕТО, но во случај да дојде до тоа, тој задолжително се следи, а потоа се неутрализира.
За четвртиот слој се смета дека ја чува организацијата компактна и врши контрола на долните слоеви. Работите поврзани со служењето на организацијата (хизмет) ги вршат првите три слоја.
Хоризонталната структура (Верижна структура од ќелиски тип) е модел кој е еден од главните причини што ја отежнува можноста државата да ја дешифрира структурата на ФЕТО. Организацијата преку овие ќелии, кои се верижно поврзани, стапува во контакт со т.н. имами, а потоа и понатаму до водечките имиња на организацијата.
Според изјавите на сведоците, луѓето кои биле дел од организацискиот систем на ФЕТО и документите кои се запленети за време на истрагата, може да се разбере дека организацијата делувала според систем на ќелии.