Yeşim Sert Karaaslan
06 Јули 2018•Ажурирај: 07 Јули 2018
АНКАРА (АА) - ЈЕШИМ СЕРТ КАРААСЛАН - Околу сто министри за здравство од светот ќе се сретнат на Самитот на министрите за здравство, кој за првпат ќе се организира во Турција, каде што ќе ја утврдат мапата на патот во трансплантацијата на органи, и ќе ја потпишат декларацијата насловена „Глобална здравствена дипломатија во борбата против кривичните дела во врска со трансплантацијата на органи“, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој самит, кој ќе се одржи на 18 и 19 октомври во турскиот град Кемер, под покровителство на турското Министерство за здравство и турската Фондација за трансплантација на органи (TONV), ќе учествуваат министрите за здравство од различни континенти како Европа, Африка, Латинска Америка и Азија.
Дел од Самитот ќе бидат и министрите од европските земји во кои се наоѓаат мигранти, како и 76 земји, меѓу кои Сенегал, Нигерија, Кенија, Етиопија, Египет, Малезија, Индија, Пакистан, Мароко, Тунис и Алжир, кои учествуваат во активностите кои се реализираат во рамките на Меѓународната мрежа на трансплантација на органи (ИТН).
Министерството за здравство на Република Турција и Меѓународната мрежа на трансплантација на органи (ИТН) ќе играат водечка улога во продолжувањето на соработката за која станува збор.
- „Ќе се обезбеди техничка помош“
„Целта на Самитот е информирање на министрите за здравство, особено на земјите во развој и на помалку развиените земји, подигање на свеста околу меѓународните декларации, како и зголемување на правните и техничките капацитети во насока на спречување на трансплантациите во нивните земји кои се незаконски и неетички, како што е трговијата со органи“, истакна во изјава за АА, Алпер Џихан, генерален директор за здравствени услуги при турското Министерство за здравство.
Џихан нагласи дека Самитот на министри ќе се организира во рамките на студиите и препораките на меѓународните организации како што се Светската здравствена организација (СЗО), Европската Унија (ЕУ), Советот на Европа, Работната група на истанбулската декларација. „Другата цел на Самитот е зголемување на соработката со овие земји, со цел обебедување техничка поддршка за нив, за тие да станат доволни за себе, во насока на услугите за трансплантација на органи“, додаде тој.
Претседателот на Фондацијата за трансплантација на органи, Ејуп Кахвеџи, истакна дека со овој самит на министри имаат за цел подигање на свеста на високите власти за спречување на кривичните дела како што е трговијата со органи.
„Друга цел на овој самит е поттикнување на соработката меѓу земјите, врз основа на здравствената дипломатија, и на тој начин, активирање на проактивните механизми во спречувањето на вакви кривични дела. Самитот ќе овозможи можности на министрите за да воспостават одржлива соработка и да реализираат повеќенасочни и билатерални средби со нивните колеги. Турското Министерство за здравство и Меѓународната мрежа на трансплантација на органи (ИТН) ќе продолжат со активностите за продолжување на соработката во насока на реализирање заеднички проекти и програми утврдени заедно со земјите учесници“, рече тој.