Seda Sevencan
15 Ноември 2021•Ажурирај: 16 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ
Турција вчера ја одбележа 77-годишнината од депортацијата на турците Ахиска за време на советската ера, јавува Агенција Анадолија (АА).
На 14 ноември 1944 година, околу 100.000 Турците Ахиска беа депортирани од нивните огништа во грузискиот регион Мескети и беа транспортирани во далечните делови на Советскиот Сојуз, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„Турците Ахиска, денес распостранети низ девет земји со популација до половина милион луѓе, никогаш не ги заборавија своите страдања и важноста да бидат обединети“, се вели во соопштението на турското МНР.
„И покрај тешките услови, тие го зачуваа својот идентитет сите овие години и го пренесоа културното наследство на следните генерации“, се нагласува во соопштението.
„Турција ќе продолжи од близу да го следи враќањето на Турците Ахиска во нивниот роден крај и да ја даде потребната поддршка на своите роднини. Ја споделуваме болката на нашите браќа и сестри Ахиска кои беа насилно депортирани; жени, стари и деца, без правење разлика“, се вели во соопштението на турското МНР.
„На 77-годишнината од депортацијата на Турците Ахиска од нивната татковина, со почит и сочувство го одбележуваме споменот на оние кои ги загубија животите“, се наведува во соопштението што го објави Министерството за надворешни работи на Турција.