Barış Gündoğan
07 Јули 2018•Ажурирај: 08 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Во рамките на воздушните операции извршени од страна на турските војници врз терористички цели во руралното подрачје на местото Омерли во турскиот град Мардин и во подрачјето на Шинат-Хафтанин, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак, неутрализирани се 8 терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на официјалниот Твитер-профил на Генералштабот на турската Армија, вчера и денес се извршени воздушни операции во руралното подрачје на местото Омерли во турскиот град Мардин, и во подрачјето на Шинат-Хафтанин, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.
Како резултат на воздушните операции неутрализирани се 8 припадници на терористичката организација.