Adsız Günebakan
02 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
ГАЗИАНТЕП (АА) - Најмалку 7 лица загинаа, а 19 се повредени во сообраќајна несреќа што рано утринава се случи во јужниот дел на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На патниот правец во подрачјето на Огузели дојде до директен судир на камионет и минибус. Камионетот пренесувал земјоделски работници кон полињата во Килис.
Полициски претставници соопштија дека на местото на несреќата загинале 4, додека повредени биле 22 лица.
Во болница починаа уште 3 од повредените лица, а меѓу преостанатите 19 повредени, има уште 3 животно загрозени лица.
Меѓу загинатите се и возачите кои управувале со камионетот и минибусот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.