İlkay Güder
01 Септември 2018•Ажурирај: 02 Септември 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, кој претстојува во посета на Киргистан, изјави дека во текот на денешните состаноци во оваа земја се разговарало за чекорите во борба против ФЕТО, и дека Турција не сака и Киргистан да биде соочен со ист напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше на заедничката конференција за новинарите со киргистанскиот претседател Соронбај Ченбков, а таа е одржана по состанокот на Советот за стратешка соработка на високо ниво.
Турскиот претседател истакна дека денеска се одржани многу конструктивни состаноци на билатерално и меѓуделегациско ниво. Како што рече, тоа беше можност да се разговара и за чекорите во иднина кои ќе бидат направени на политичко, воено, економско, трговско и културно поле.
Нагласи исто така дека една од главните теми во текот на денешните состаноци била борбата против терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за пуч во Турција во јули месец во 2016 година.
„Во текот на денешните состаноци разговаравме и за можните заеднички чекори на полето на борбата против ФЕТО. Ако сме браќа, ние не сакаме нашите браќа да го претрпат она што ние го претрпевме. Затоа што ние бевме соочени со обидот за пуч, не сакаме истото да му се случи и на Киргистан", порача Ердоган.
Подвлече дека ФЕТО е голема закана за секоја земја во која делува.
„Терористичката организација ФЕТО, која на 15 јули се обиде да изведе државен удар во Турција, претставува голема закана по секоја земја во која делува", заклучи Ердоган.
По конференцијата за новинари во Бишкек потпишани се низа меѓудржавни договори.